Холандските пациенти со ковид се носат во Германија, болниците се преполни

23.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холандските пациенти со ковид се носат во Германија, болниците се преполни

Пациент утрово со возило на брза помош од Ротердам е пренесен во болница во Бохум, на околу 240 километри источно, а уште еден бил пренесен во текот на денот, соопштија здравствените власти.

Бројот на пациенти со Ковид- во холандските болници се искачил на највисоки нивоа од мај во последните недели и се очекува дополнително да се зголемува бидејќи инфекциите достигнуваат рекордни нивоа.

Германските болници понудиле вкупно 20 кревети за пациенти од Холандија, откако лекувале десетици пациенти за време на претходните бранови на пандемијата.

Плановите на холандската влада да воведе дополнителни ограничувања за да се запре ширењето на вирусот предизвикаа три ноќи протести и повеќе од 170 апсења во градовите низ целата земја.

Од понеделник, 470 од вкупно 1.050 кревети во единиците за интензивна нега во Холандија се зафатени од пациенти со коронавирус, а болниците веќе ги намалуваат вообичаените процедури, вклучително лекување на рак и операција на срце, за да обезбедат доволно простор за пациентите заразени со ковид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата