Смртни закани за премиерот и министерот за одбрана на Словенија

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Смртни закани за премиерот и министерот за одбрана на Словенија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се закануваат со смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, од помалиот колициски партнер во владата, објавија во неделата вечерта словенечките медиуми.

Како што објави Словенечката телевизија, премиерот Јанша добил закана со смрт во пратка која била испратена на неговата приватна адреса, што го потврди и неговиот кабинет. Полицијата соопшти дека го истражува случајот.

Веста први ја објавија порталот Siol.nez и телевизискиот канал Nova24.tv, кои се сметаат за блиски на владата на Јанша.

Според овие информации, Јанша и Тонин во петокот на своите домашни адреси добиле писма кои содржеле закани со смрт и во кој имало „муниција од поголем калибар“, а исто така имало закани и за семејството на премиерот. Според прилогот на Nova24.tv, ова не е првпат на овој начин да му се испраќаат закани на словеничкиот премиер.

„Очигледно станува збор за последици од создавањето психоза од страна на ткн мејнстрим медиуми. Дали тоа ќе конечно ќе ги отрезни оние кои сѐ уште веруваат во добрите намери на потомците на коминистичката револуција“, реторички прашува на својот портал телевизијата Nova24.tv.

Самиот Јанша често ги обвинува ткн мејнстрим медиуми дека од политички и лукративни мотиви се ставаат на страна ан левицата која со поддршка на европски неолиберални кругови се обидува да ја собори неговата влада, како и дека таквите медиуми и левата опозиција стојат зад насилните протести кои од протест против епидемиолошките мерки се претворија во барање за предвремени избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата