Арсовска во Кисела Вода: Им испративме порака дека минато е времето на лажните ветувања и неработниците

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовска во Кисела Вода: Им испративме порака дека минато е времето на лажните ветувања и неработниците

Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода при денешната средба.

Арсовска се сретна со граѓаните од 11ти Октомври, Македонија парк, Пржино и Црниче и разговараше со нив за проблемите што ги имаат, што им недостига и им престави според програмата што ја нуди како Кисела Вода ќе стане урбана населба со зеленила, функционална инфраструктура, уреден простор за сите жители и град со чист воздух.

– Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за 4 години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи, истакна Арсовска.

Жителите на Кисела Вода се пожалија на преголемата изградба на згради, неплански, узурпирање на јавниот простор, канализациски и инфраструктурни проблеми.

Арсовска уште им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина.

“Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас”, истакна Арсовска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата