Вселенскиот патријарх хоспитализиран во Вашингтон

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вселенскиот патријарх хоспитализиран во Вашингтон

Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија”, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД.

Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон”.

Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници, што е негова прва посета од 2009 година. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус”.

Предвидено е Вартоломеј да се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата