Бившиот ја оставил затоа што се здебелила, ама сега е ВИСТИНСКА БОМБА! Неверојатна трансформација

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бившиот ја оставил затоа што се здебелила, ама сега е ВИСТИНСКА БОМБА! Неверојатна трансформација

Поранешното момче на Мириам Бланко (33) од Салвадор постојано и велел дека е дебела и дека на крајот и него ќе го здебели. Заради неговите коментари признала дека од ден во ден губела се повеќе самодоверба, а дека кога ја „откачил“ тоа било шлаг на тортата.

Мириам мајка на четири деца вели дека имала околу 100 г кога поранешниот партнер решил да ја остави.

– Се плашев да излезам во јавност со него затоа што знаев дека пред сите ќе рече дека сум дебела, рекла и се присетила колку јадела во тоа време.

Внесувала двојно повеќе калории од што и било препорачано, а со оглед на тоа дека воопшто не се движела здравјето и било се позагрозено.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @miss_fit_blanco

– Сите ме прашуваа што јадам обично, а јас секогаш исто одговарав: „Јадам нормална храна пица, помфрит, хамбургери“, рекла за Дејли меил.

Но кога во 2015 застанала пред огледало и видела колку се здебелила, решила да ги смени работите и себеси да се стави на прво место!

Се посветила на вежбање и поздрава храна и за неколу месеци симнала повеќе од 30 килограми, а новиот изглед и донел слава на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @miss_fit_blanco

Денес оваа самохрана мајка има повеќе од 30 000 фанови на Инстаграм каде редовно објавува фотографии од теретана и зборува за процесот на слабеење.

Како што и самата вели оброците и се едноставни и помалку калорични.

– Појадувам шејк, ручам пилешко или риба со зеленчук, а вечерам некое месо со ориз, раскажала и додала дека понекогаш јаде и нешто слатко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата