Србија „апсолутно ќе се спротистави“ на санкции против Додик и Република Српска

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија „апсолутно ќе се спротистави“ на санкции против Додик и Република Српска

Србија апсолутно ќе се спротистави на санкциите насочени против која и да е личност во Република Српска, изјави во саботата вечерта српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Додик, незадоволен од иницијативите кои доаѓаат од Сараево и Западот за кои смета дека го загрозуваат и би го укинале српскиот ентитет во БиХ, претходно најави низа чекори коишто практички водат кон отсепување на Република Српска и предизвика закани од САД дека ќе воведат санкции.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Додик, српскиот претседател Вучиќ рече дека „постои волја за разговор“, а санкциите би создале лоша атмосфера.

„Го молиме сите да разговараме, да ги решаваме проблемите со дијалог… а санкциите ќе доведат само до вжештена атмосфера и домино-ефект кој ништо добро никому нема да донесе“, порача Вучиќ.

Истакна дека Србија нема да се приклучи на можни санкции против властите на Република Српска.

„Нема да има блокада на Дрина додека сум на ова место како претседател и имам вакво влијание на политичкиот живот“, рече Вучиќ.

„Додик недвосмислено речле дека не пости никаков хир и желба Република Српска да прави некави проблеми, каде и да е и кому и да е, туку дека нивните потези се реакција на тоа што правото на користење на шумите и на земјоделското земјиште ѝ се одзема на Република Српска, спротивно на Дејтонскиот договор и се предаваат во рацете ан централниет органи на власта“, појасни Вучиќ.

Додаде дека тоа е важна порака на Додик, дека доколку биде решен тој проблем, е подготвен да разговара и фукционерите на БиХ да функционира. Вучиќ притоа додаде дека тоа ја избива секоја аргументација на оние кои велат дека се виновни Додик и Република Српска и оцени дека станува збор за „рационален и прагматичен пристап“.

Жалејќи се дека Република Српска се „развластува со упорна сила на меѓународниот фактор“, Додик рече дека не сака војна и судир, тику уставно се бори за своите и правата на српскиот ентитет.

„Не сум подготвен да за Република Српска го жртвувам мирот, но подготвен сум да се жртвувам себеси за Република Српска“, истакна Додик.

Челникот на босанските Срби претходно најави дека најдоцна до почетокот на ноември на парламентот на Република Српска ќе му упати предлог-закон со кој овој ентитет се повлекува од претходните договори за воспоставување на вооружените сили на БиХ, од федералните безбедносните агенции и од правосудните тела и единстениот систем за собирање на царините, како одговор да се укинат ентитетските соодветни служби.

Специјалниот американски пратеник за западен Балкан, Габриел Ескобар, го предупреди Милорад Додик дека секој негов чекор кој би виден кон поткопување на територијалениот интегритет и суверенитет на БиХ би можел да предизвика сериозни санкции, бидејќи САД „немда да бидат само набљудувач“ во земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата