Прилеп или Кил сеедно – Вујовиќ никогаш не седи мирен (ФОТО-ВЕСТ)

24.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прилеп или Кил сеедно – Вујовиќ никогаш не седи мирен (ФОТО-ВЕСТ)

Веселин Вујовиќ и Вардар 1961 во домашната Супер-лига одат според планот. И по осмотото коло актуелниот македонски првак е единствениот тим без пораз во новата сезона.

„Црвено-црните“ вчера на домашен терен го совладаа Прилеп со 41-24 и останаа на лидерското место на табелата.

Стратегот на Вардар 1961 не прави разлика дали е меч од Супер-лигата или во Лигата на шампиони, секогаш е жесток на теренот. Ништо поразлично не беше и против прилепчани, неговиот карактер не дозволува да биде мирен покрај клупата без разлика колкава е разликата на семафорот.

Вардар 1961 по оваа средба целосно се врти кон подготовка за дуелот со Кил во рамките на Лигата на шампиони, кој се игра во среда во СЦ „Јане Сандански“.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата