Доминација на Дукати во квалификациите, Бањаја на пол позицијата, лош настап на Квартараро

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доминација на Дукати во квалификациите, Бањаја на пол позицијата, лош настап на Квартараро

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Емилија Ромања“ за Големата награда на Италија . Тоа е четврта пол позиција по ред за Италијанецот. Втор во квалификациите заврши неговиот клупскиот колега Џек Милер, а од првиот ред ќе стартува и уште еден возач на Дукати, Лука Марини.

Лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро ќе стартува од 15. место после слабите квалификации. Марк Маркез со неговата Хонда стигна до седмо најбрзо време.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата