Димитријевиќ фантастичен во драматичниот триумф на Валенсија

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитријевиќ фантастичен во драматичниот триумф на Валенсија

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ имаше фантастичен настап за Валенсија во триумфот над Морабанк Андора во најсилната шпанска кошаркарска лига. Валенсија имаше доста проблеми со тимот од Андора затоа што губеше, потоа направи пресврт и долго време имаше водство за во финишот да стравува за триумфот. Валенсија победи со 76:75 на ова гостување, а Димитријевиќ даде 14 коша имаше и 6 скокови и 2 асистенции за нецели 28 минути игра.

Валенсија по 7 кола е на шестото место со скор од 4 победи и 3 порази.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата