Европскиот првак на колена пред Сара Ристовска и ЦСКА

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европскиот првак на колена пред Сара Ристовска и ЦСКА

Сара Ристовска и ЦСКА Москва запишаа голема победа во Лигата на шампиони. Ни повеќе, ни помалку рускиот тим за кого настапува македонската репрезентативка го совлада актуелниот шампион Вајперс Кристијансанд со 27-24 во петтото коло од Лигата на шампиони.

ЦСКА Москва до победата дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме, во првите 30. минути домашните ракометарки имаа водство, но Ристовска и нејзиниот тим се изборија за 11-11 на доморот.

Македонската репрезентативка реализираше четири гола од четири обиди, Елена Михајличенко со 10 погодоци беше прв стрелец.

Ова беше трета победа за ЦСКА, со еден пораз е на делба на второто место со шест бода исто колку и Мец.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата