ЦЕЦА ПРВА ПО ЗАРАБОТКА НА ЈУТЈУБ! Можела да купи осум големи стана, еве која СУМА е во прашање

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЦА ПРВА ПО ЗАРАБОТКА НА ЈУТЈУБ! Можела да купи осум големи стана, еве која СУМА е во прашање

Светлана Цеца Ражнатовиќ ги рушила сите рекорди кога станува збор за заработка од прегледи на песни на Јутјуб, со што од 2012. до денес од заработката можела да купи осум големи стана во Белград.

Кога е во прашање домашната естрада, Цеца е прва на оваа платформа надминувајќи милион следбеници, со што дополнително и е зголемена заработивачката, па на Јутјуб може да вметне и реклама. На годишно ниво Цеца инкасира околу 100.000 евра, притоа може да заработи и кога се одмара дома.

– Кога се во прашање пејачи, Цеца прва собрала милион следбеници. Тоа дополнително влијае врз приливот на заработка, па заедно со прегледите на годишно ниво зема сериозана сума пари. Јутјуб на крај на секоја годината ги исплаќа изведувачите бидејќи полесно е така отколку да се префрлаат пари секој месец. Цеца на песните има во просек од 10 до 40. милини прегледи, поради што го држи рекордот на овие простори.

Фолк дивата од Јутјуб каналот има чиста заработка бидејќи со никого не ги дели приходите, одрена сума дава на луѓе кои ги водат нејзините социјални мрежи.

– Цеца нема потпишано договори со ниедна продукција за разлика од повеќето пејачи, и со никого немора да го дели приходот. Јутјуб на неспонзорирани канали како што е на Цеца, заработувачката ја исплаќа во целост еднаш годишно. Поради големата популарност пејачката добила дополнителна понуда за работа, со што на својот канал пушта реклами бидејќи е најмногу посетен. Цеца во јавноста не сакала да зборува на оваа тема, но во едно интервју истакнала дека за сечија работат зборуваат бројките кога е во прашање публиката на концертите, како и прегледите на песните- заклучил соговорникот за Ало.ср

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата