ЦЕЦА ЈА БРАНИ ВРСКАТА СО БОГДАН: Не го одбрав заради село

23.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЦА ЈА БРАНИ ВРСКАТА СО БОГДАН: Не го одбрав заради село

Пејачката бесна на сите кои мислат дека имаат право да го коментираат нејзиниот љубовен живот.

Цеца Ражнатовиќ подолго време е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ, млад бизнисмен, а нивниот однос неретко е тема во јавноста. Токму поради тоа пејачката морала да реагира.

Имено, на бројни гласини и критики за љубовната врска со Богдан, кој е помлад од неа, пејачката како од топ одговорила…

– Не го избрав за селото, туку за себе, така да воопшто не ме интересира – изјави Цеца во емисијата „Ексклузив“.

Тие двајца неодамна се вратиле од одмор на Кипар, каде што престојувале во нејзината семејна куќа заедно со пријателите. Исто така медиумите наведуваат дека тие двајца почнале да живеат заедно во нејзиниот дом на Дедиње, но пејачката сеуште не ги потврдила ниту демантирала овие тврдења.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата