Градоначалник на СДСМ му дозволил на лице со потерница незаконски да присвои огромен државен имот (ВИДЕО)

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градоначалник на СДСМ му дозволил на лице со потерница незаконски да присвои огромен државен имот (ВИДЕО)

Градоначалникот на СДСМ кој загуби на изборите, Велимир Смилевски, со непостапување по закон дозволувал лица кои се бараат со потерници да узурпираат зелен појас и државно земјиште во општината Бутел.

Во реонот меѓу населбите Железара и Бутел 4 лице кое се барало со меѓународна потерница узурпирало и присвоило огромно земјиште сопственост на Република Македонија, а службите под контрола на Смилевски во општината не реагирале.

Нелегалниот корисник на државниот имот се бара за тешки кривични дела за кои може да лежи десетина години в затвор.

Профилот Демир на Твитер кој важи за одлично информиран за состојбите на локално и национално ниво објавува фотографии од катастар и видеа од кои се гледа како се одвивала узурпацијата на државен имот кој е на многу видливо место и до кој секој ден минуваат десетици илјади возила меѓу кои инспектори од општинските служби во Бутел и функционери на градот Скопје.

Во шокантниот твит се гледа дека десетина луѓе кои се одговорни за спроведување на законот и заштита на интересите на државата долг период молчеле и не го спроведувале законот.

Според експерти блиски на опозицијата со несторување екс градоначалникот на Бутел Смилевски направил повеќе кривични дела а допрва ќе се утврдува одговорноста на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и други функционери кои требале да го спасат имотот на државата но не го сториле тоа

Сите детали во шокантниот твит

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата