Пендаровски најави ЌЕ БРКА ВРАБОТЕНИ кои се сомнителни, А НЕМА ОДЛУКА ОД СУДОТ ЗА НИВ

11.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски најави ЌЕ БРКА ВРАБОТЕНИ кои се сомнителни, А НЕМА ОДЛУКА ОД СУДОТ ЗА НИВ

Стево Пендаровски во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

Сите оние кои се огрешиле од законот нема да можат да работат во кабинетот на Претседателот ниту во Агенцијата за разузнавање, ниту пак во Армијата на Северна Македонија, изјави Стево Пендаровски, новоизбраниот претседател, во врска со информациите дека се отворени постапки од обвинителството за четири лица од кабинетот за учество во неколку немили настани и за лица вработени во Армијата.

„Четворица вработени се во фаза на предистражна постапка, но тоа веќе не е моја работа. Јас како претседател не можам да коментирам ниту судски одлуки, а особено не истраги во рана фаза. Можам да кажам само дека сите кои се огрешиле пред законите нема да можат да работат во институциите под моја надлежност“, рече тој, додавајќи дека во разузнавачките служби во земјава потребно е да се направат значајни реформи, иако досега е постигнат извесен напредок.

Пендаровски рече дека во неговиот кабинет ќе нема место за политички реваншизам. Сепак, тој ќе брка од работа вработени затоа што, според него, за некои од нив имало устрага иако нема и судска пресуда.

„Една од моите први задачи ќе биде на сите вработени таму да им кажам да не се плашат бидејќи политички реваншизам нема да има. Се разбира, оние кои работеле во согласност со законите. Тие нема да почувствуваат дека има нов човек во кабинетот“, рече тој.

Првпат утре Пендаровски ќе влезе во претседателската резиденција. Претходно ќе даде заклетва, а на инаугурацијата во Собранието во 12 часот ќе присуствува и претседателот на Србија Александар Вучиќ, а присуство најавија и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата