Шилегов и другите кандидати на СДСМ, БЕЗ ПОДДРШКА ОД ДОМ И ЛДП ВО ВТОР КРУГ

20.10.2021
Vesnik.com
Шилегов и другите кандидати на СДСМ, БЕЗ ПОДДРШКА ОД ДОМ И ЛДП ВО ВТОР КРУГ

Иако остануваат во влада со СДСМ, ЛДП и ДОМ нема да дадат јавна поддршка на кандидатот на СДСМ за Скопје, Петре Шилегов.

Тие денеска на прес конференција изјавија дека јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“.

Ставот на оваа коалиција формирана за локалните избори го пренесе претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Претходно во текот на целиот ден помалите коалициски партнери на СДСМ преку соопштенија даваат поддршка за партијата уверувајќи дека владината коалиција е стабилна.

-Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, изјави Морачанин.

ДОМ и ЛДП на овие избори настапија самостојно, па така за Град Скопје нивни кандидат беше Бени Шаќири, а за Битола во трката влезе Горан Милевски.

Морачанин потврди дека ДОМ и ЛДП немаат намера да го напуштат парламентарното мнозинство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата