Евролига: Милано со триумф над Анадолу Ефес, Реал Мадрид си поигруваше со Панатинаикос

15.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евролига: Милано со триумф над Анадолу Ефес, Реал Мадрид си поигруваше со Панатинаикос

Вечерва се одиграа преостанатите мечеви од 4.коло во Евролигата. Прво ЦСКА Москва минимално, со 78-76 успеа да ја победи Ц. Ѕвезда. Најинтересно и највозбудливо беше на мечот меѓу Монако и Барселона, каде имаше продолженија, но сепак на крајот каталонците славеа со 81-85.

Во Атина, односно во Пиреја, Олимпијакос немаше поголеми проблеми и успеа да го победи Жалгирис со 83-68.

Милано успеа да триумфира над турскиот состав на Анадолу Ефес со 75-71. На овој меч гостите убедливо ги добија првата и последната четвртина, но бадијала, на крајот мораа да им честитаат на победниците.

И во последниот вечерашен меч, Реал Мадрид со убедливи 88-65 успеа да триумфира над Панатинакос, над тимот кој некогаш беше неприкосновен во Европа.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата