ВИДЕО

Највисоката жена во светот е висока 234 см и пати од страшна и ретка болест!

14.10.2021
Vesnik.com
Највисоката жена во светот е висока 234 см и пати од страшна и ретка болест!

Највисоката жена во светот е висока дури 234 см. Румејса Гелги (24) живее во турција и сака со својата „титула“ да ги поттикне луѓето да се прифатат себе и својот физички изглед. Нејзината висина е последица на Виверовиот синдром, кој предизвикува забрзан раст. Ова е нејзин втор светски рекорд, отако во 2014 била прогласена за највисока тинејџерка.

Главно користи инвалидска количка иако може да оди и со помош на одалка.

– Секој недостаток може да се претвори во предност, само прифатете се себеси онакви какви што сте, бидете свесни за својот потенцијал и дајте се од себе, рекла Румејса.

Претходен рекордер кога е во прашање висината на жените била една жена од Кина која починала во 1982 година, а била висока дури 243 сантиметри.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата