Сите го чекаа, Ирвинг се огласи: Ќе изгубам пари? Мислите дека сакам?

14.10.2021
Vesnik.com
Сите го чекаа, Ирвинг се огласи: Ќе изгубам пари? Мислите дека сакам?

Кајри Ирвинг нема да биде во составот на Бруклин поради неговата одлука да не се вакцинира против коронавирус. Тој не може да тренира, ниту да настапува за Нетс, а забранет му е влез и во сала.

По кратко време за својата одлука се огласи и ѕвездата на Бруклин:

„Ако ме претставуваат како херој или негативец, грешат. Тоа не беше мојата намера. Се работи за избор на она што е најдобро за вас. Мислите дека сакам да изгубам пари? Дали навистина сакам да се откажам од мојот сон за освојување на шампионската титула? Дали сакам да се откажам од работата? Дали сакам да седам дома? Не треба да се делиме, туку да го почитуваме изборот на сите“, рече Ирвинг.

Тој не смее да игра на домашните мечеви, па затоа ќе изгуби околу 17 милиони долари, за гостинските натпревари ќе биде платен.

„Па што ако ги изгубам. Не се работи за парите, никогаш не било така. Станува збор за она што е најдобро за вас. Мислите дека сакам да ги изгубам тие пари: Ќе повторам уште еднаш, не се работи за Нетси, организацијата, НБА-лига или политика, туку за слобода на избор“.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата