(Видео) Пожар во зграда во Тајван, десет загинати и 44 се повредени

14.10.2021
Vesnik.com
(Видео) Пожар во зграда во Тајван, десет загинати и 44 се повредени

Најмалку десет луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван.

Зградата се запалила околу три часот наутро, објави противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во тек е истрага за причините за пожарот.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата