Тачи: Границата меѓу Косово и Албанија мора да биде отстранета

10.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тачи: Границата меѓу Косово и Албанија мора да биде отстранета

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека границата меѓу Албанија и Косово мора да биде отстранета еднаш засекогаш.

Тој по враќањето од Албанија, каде што вчера учествуваше на Самитот Брдо-бриони, на „Фејсбук“ напиша дека само што го поминал граничниот премин Морина, кој, како што наведува, неправедно ги дели Косово и Албанија.

„Оваа граница не е по волја на Косово и Албанија. Границите се реликти од минатото и мора да бидат отстранети еднаш засекогаш. Косово и Албанија треба да имаат слобода на движење и проток на стока во рамки со европските стандарди. Институциите на Косово и Албанија треба да донесат ваква одлука без одложување“, напиша Тачи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата