Гвардиола: Навистина не знам како да ги сопреме Меси, Мбапе и Нејмар!

27.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Навистина не знам како да ги сопреме Меси, Мбапе и Нејмар!

Утре во меч од Лигата на Шампионите, Манчестер Сити ќе му гостува на ПСЖ. Полека но сигурно се загрева атмосферата, љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат спектаклот на “Паркот на принцовите“.

На денешниот прес, во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар имаше и Пеп Гвардиола, стратегот на Сити.

Навистина не знам како да ги сопреме Меси, Мбапе и Нејмар. Толкава количина на квалитет на едно место, навистина тоа е фантастично. Мораме добро да се браниме кога тие ќе напаѓаат, а кога ние ќе ја имаме топката да ги натераме многу да трчаат“ вели Пеп.

Инаку Пеп имаше само пофални зборови за Меси со кого едно време беа заедно во Барселона кога во два наврати ја освојуваа Лигата на Шампионите…

Бевме заедно во Барса, играме и еден против друг кога јас бев во Баерн. Не можев да замислам да биде во некој друг клуб освен во Барселона, но ете, и тоа се случи. Меси е играч кој говори самиот за себе веќе 16 години. Зарем јас треба да кажувам за него? Поради фудбалот и самиот спектакл се надевам дека тој утре ќе игра за ПСЖ“ заврши Гвардиола.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата