Пази, пази…Тото гази (ФОТО НА МЕЧОТ)

23.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пази, пази…Тото гази (ФОТО НА МЕЧОТ)

Вардар 1961 на првиот домашен меч од Лигата на шампионите дојде до победа, и тоа не било каква. Актуелниот македонски првак и двократен освојувач на титулата во елитното натпреварување доминираше на дуелот против Мешков Брест, на момент изгледаше како во старите добри времиња. На крајот славеше со 35-27.

Од оваа средба доаѓа интересна фотографија, нашиот фоторепортер Петр Стојановски ја отслика доминацијата на Вардар на теренот. Тој го „фати“ Жереми Тото кој постигна три гола во моќна ситуација, противничкиот ракометар мораше да се наведне за да не настрада при пробивот на вардарецот.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата