ПОТЕГ НА ВАРДАР ЗА СИТЕ ПАРИ: Експлозија на Кевин Њокас – решеташе без грешка

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОТЕГ НА ВАРДАР ЗА СИТЕ ПАРИ: Експлозија на Кевин Њокас – решеташе без грешка

Браќата Кевин и Оливие Њокас се последните засилувања на Вардар 1961 оваа сезона, барем засега. Преселбата од Автокоманда во СЦ “Јане Сандански“ се исплатеше за сите пари.

Иако не минаа долго време со ракометарите на Вардар, сепак желбата да се покажат во најдобро светло беше поголема од се. Ова го покажаа на дуелот со Елверум, а сега и вечерва против Мешков Брест.

Блесна Кевин, постигна осум гола и тоа без да промаши, решеташе од сите страни, играше како во транс. Неговиот брат Оливие беше стрелец на три гола од пет обиди.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата