Бурса сака да го врати Јошко Миленкоски во Турција

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бурса сака да го врати Јошко Миленкоски во Турција

Најтрофејниот македонски одбојкарски тренер и поранешен селектор на македонската и турската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, е на мета на турскиот суперлигаш Бурса.

Според информациите во дел од турските медиуми, Бурса има желба да го види Миленкоски на кормилото на тимот пред почетокот на новата сезона. Нашиот искусен стратег во моментов е без ангажман, откако го заврши вториот престој во Тунис на кормилото на екипата на Сфаксиен.

Миленкоски долго време работеше како тренер во Турција. За време на неговиот престој во оваа земја, тој беше предводник на екипите на Мили Пјанго (2011-2017) и Зираат Банкаши (2017-2019). Во периодот од 2017 година седна и на клупата на турската репрезентација.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата