Маријана за земјотресот во Мелбурн: ЕДВАЈ ДОЈДОВ ДО ВРАТАТА, БЕВ ИСПЛАШЕНА ОД ТРЕСЕЊЕТО

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маријана за земјотресот во Мелбурн: ЕДВАЈ ДОЈДОВ ДО ВРАТАТА, БЕВ ИСПЛАШЕНА ОД ТРЕСЕЊЕТО

Австралија беше погодена со еден од најсилните земјотреси во историјата. Земјотресот беше со јачина од 6 степени, а предизвика штета на неколку згради во Мелбурн.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

Поранешната македонска пејачка од дуото близначки Маријана и Росана, која долги години живее во Австралија, утрово со потресен статус ја пренесе веста за силниот земјотрес во Мелбурн.

-Јак земјотрес во Мелбурн. До толку без исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај и дојдов до вратата. По се изгледа сум заборавила што е земјотрес, напиша пејачката.

Инаку сестрите Маријана и Росана пред речиси 30 години беа едни од најпопуларните пејачки во земјава, а нивните хитови се уште се вртат на радио станиците и денес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата