Детали од ТАЈНАТА СВАДБА на Тито (60) и Јованка Броз (28)! Зошто нема ниедна фотографија од тој настан?

21.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детали од ТАЈНАТА СВАДБА на Тито (60) и Јованка Броз (28)! Зошто нема ниедна фотографија од тој настан?

Може да се избројат на прсти оние кои знаеле дека тој 15 април 1952 година е склопен бракот меѓу Тито и Јованка, недалеку од Илок. Според зборовите на мештаните на Илок, венчавката била тајна и одржана во вилата на Тито на Пајзош, кој се наоѓа меѓу Шаренград, Бапска и Илок. Еве како Ројтерс известувал во тие денови.

После службено, во книгите, било заведено во матичната служба во Шаренград (мало село во Хрватска). Жителите велат дека тие сите знаат за таа венчавка и дека оваа информација не им е нова, но не знаат колку гости имало на венчавката, но веруваат дека имало само мал број луѓе.

Вилата на Пајзош всушност била воена економија, а пред тоа и земјиште на грофот Елц. Станува збор за имот од стотина хектари, на кое има виногради, шуми и неколку ловечки куќи, разни објекти, вила, винотека и ловиште.

Таму бил изграден и хелиодром, па Тито често знаел да наврати со хеликоптер. Жителите на ова место велат дека обожавал да лови во тоа ловиште кое било заградено, а дивечот бил носен тука.

„Знаевме дека таму била венавката, но не се сеќаваме. Сепак ние почнавме подоцна да работиме. Си ја работевме својата работа и никогаш никого не прашавме за него. Знам само дека никаде во куќата немаше какви било фотографии кои би потсетувале на таа венчавка“, рекла Розалија Џалто која таму заедно со сопругот Мио била домар.

 

Jovanka Broz, Tito

Титовата вила била под силно обезбедување кога и да ја посетел претседателот на Југославија, а Џалто вели дека во подрумот имало просторија со повеќе од 2000 шишиња вино и буриња ракија. Таа зборва дека сопружниците мошне добро се однесувале кон нив. Често немале прилики за разговор, но Тито кога и да ги видел ги поздравувал, ги прашувал како се, што се работи и слично. Се сеќава и дека често се шегувале и смееле.

Интересно е дека странските новинари за свадбата на векот дознале од поканите за прием на високиот гостин од Британија во Белград.

Веста за венавката на Тито со Јованка во светот била примена како првокласна сензација. Речиси и да немало весник во Европа или Америка, кој на насловната страница на овој настан не му посветил големо внимание.

Агенцијата Ројтерс вака го опишала првото заедничко појавување на Тито и Јованка:

„Белград, 19 септември 1952. – На приемот кој е приреден во чест на британскиот министер за надворешни работи во Белиот двор маршалот Тито беше облечен во бела униформа со златни ознаки на чинот. Неговата сопруга, убавата исончана црнка на себе имаше фустан од бордо сатен. Маршалот и сопругата ги примија гостите во предворјето на Дворот, поранешната резиденција на принцот Павле. Излегувајќи прв пат пред странци, госпоѓата Броз на вратот носеше златен ѓердан, додека на фустанот имаше брош со дијаманти. Црната коса го заокружуваше нејзиниот лик и беше зачешлана во пунџа.“

Ден порано (18 септември 1952) Ројтерс од Белград го емитувал следниот извештај:

„Југословенската дирекција за информации денес на располагање ги стави првите фотографии на госпоѓата Јованка Броз, сопругата на Маршалот Тито. Како што се гледа на снимките, тоа е црномуреста жена, убава и добро градена. На една фотографија се гледа како шета покрај езеро со маршалот Тито и неговиот деветгодишен син од поранешната сопруга, Александра. Госпоѓата Броз е приближно со иста висина како и маршалот, кој е висок неполни пет стапки и шест палци.“

 

Jovanka Broz, Tito

Вилијам Гејлмор, новинар на њујоршкиот Дејли компас, со овие зборови ја опишал мажачката на Јованка за Тито:

Веста дека маршалот Тито, во својата 60 година зел невеста од 28 години, Јованка Будисављевиќ, можеби за многумина е изненадувачка. Си оглед на тоа дека со нив се запознав и долго разговарав јас не сум изненаден нималку. Јосип Броз Тито, без оглед на улогата која ја игра на меѓународната сцена и на неговиот драматичен подем на власт, тој е еден од најимпресивните луѓе кои некогаш сум ги сретнал. Можам сосема да разберам зошто една млада жена, 32 години помлада од него, наоѓа дека тој е мошне прилечен наспроти неговите 60 години. Дури и неговите непријатели признаваат дека тој е човек со магнетска сила, со очи кои се благи и пророчки и со широки рамена под русо-седата коса. Тој лесно се смее и има мека, кадифена насмевка. Тито е личност која може да ги инспирира луѓето и да ги привлече жените.“

Матичар на венчавката

Бил извесен Момир Јовановиќ, кумови биле Александар Лека Ранковиќ и Иван Гошњак, а урбаната легенда меѓу Србите гласела дека мајката на Јованка на веста дека се омажила за Тито гласела „ќерко си можела и подобар да најдеш“ (ова е никогаш непроверена приказна и се пренесувала од колено на колено).

Дури неодамна во јавноста е објавена венчаницата на Јованка и Тито, а особено интересни се деталите кои биле запишани во неа. Имено, иако отсекогаш важела фамата дека Тито бил „Југословен“, а по занимање „бравар“, во венчаницата пишува нешто друго. Во рубриката народност, Броз недвосмилсено се изјаснил како Хрват! А што се однесува до професијата, во тоа поле нема запишан податок, додека кај Јованка стои – капетан, службеник.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата