Нападнат пункт за вакцинација во Пакистан, убиен полицаец

19.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нападнат  пункт за вакцинација во Пакистан, убиен полицаец

Вооружени мотоциклисти денеска убија полицаец кој чуваше објект за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Пакистанските милитанти често напаѓаат места за вакцинација и полиција што ги обезбедува, оправдувајќи ги нивните напади со тврдењето дека кампањите за вакцинација против детска парализа се дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца, пишуваат агенциите.

Нападот се случи на третиот ден од петдневната кампања за вакцинација против детска парализа низ провинцијата.

Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детска парализа до крајот на 2021 година, а целта е да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години.

Пакистан и Авганистан се единствените преостанати земји во светот кои се борат со детска парализа, откако Нигерија успешно ја искорени болеста минатата година.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата