ФРАНЦИЈА ГО НАПУШТА НАТО!? Макрон несака да решава надворешнополитичките проблеми на Америка…

19.09.2021
Vesnik.com
ФРАНЦИЈА ГО НАПУШТА НАТО!? Макрон несака да решава надворешнополитичките проблеми на Америка…

Франција би можела по втор пат да го напуште НАТО откако Америка и Бритинанија ја вовлекоа Австралија во својата геостратешка игра против Кина.

Емануел Макрон е многу лут на Америка и Австралија.

Имено, Австралија го раскинала договорот вреден 66 милијарди долари по кој француското воено бродоградилиште требало да изгради серија класични подморници.

Толку многу бил лут што веднаш ја откажал заедничката прослава со Америка за 240 годишнината од Чисаписката поморска битка во која француската воена флота војувала против Велика Британија на страна на штотуку формираните САД,отповикувајќи го амбасадорот од Австралија и Америка.

Тогаш Париз им прискокнал на помош на Вашингтон, но сега демонстративно ја откажал манифестацијата која требала да се одржи во Америка во Француската амбасадата во Вашингтон и на палубите на француската фрегата во Балтимор, пишува Интермагазин.

Поради тоа висок француски функционер на француската морнарица, кој пристигнал во Вашингтон, добил налог веднаш да се врати во земјата.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан потегот на Австралија го нарекол – урад со нож во грб.

Не го интересирало што официјална Камбера го сторила тоа под притисок на Американците кои и ветувале дека за своите идни американски подморници ќе добиваат американска технологија.

Германскиот надворешнополитички експерт Александар Рар проценува:

– Париз може да внесе раскол во НАТО. Макрон и досега беше еден од најголемите критичари на алијансата бидејќи смета да таа треба да ја штити Европа наместо да ги решава надворешнополитичките проблеми на САД. Ако Американците продолжат со притисок на Европа по повод Кина – Франција може повторно да излезе од НАТО, како што тоа го направи 1996 година под водство на Шарл Дегол кој сакал единствена Европа од Лисабон до Владивосток. Тој да е денеска на чело на Франција, верувам дека би бил поборник на обединување на Европа со Русија – рекол тој.

извор: Република.срб

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата