Ајакс го растури Камбур со 9:0, дури осум играчи се запишаа меѓу стрелците

18.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајакс го растури Камбур со 9:0, дури осум играчи се запишаа меѓу стрелците

Холандскиот шампион Ајакс фантастичниот триумф над Спортинг со 5:1 во ЛШ го круниса со уште пофантастичната победа над Камбур со 9:0! Екипата од Амстердам го растури новакот во Ердивизијата, а осум различни играчи ги постигнаа головите.

Само Давид Нерес постигна два, а останатите беа дело на Јуриен Тимбер, Стивен Бергхуис, Нусар Мазруи, Душан Тадиќ, Мохамед Дарами, Себастијан Але и Данило. Ајакс е лидер на табелата со 13 бода по пет кола, а Камбур е 10-ти со шест.

Пошироко, Ајакс на последните четири меча оствари четири победи со гол разлика 21:1. Освен Спортинг и Камбур ги победи Витесе со 5:0 и Зволе со 2:0.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата