Прва радост за Лазаров и Нант

18.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прва радост за Лазаров и Нант

Кирил Лазаров и Нант од втора дојдоа до првата победа во новата сезона во францускиот шампионат. Тимот на македонскиот селектор на гостувањето кај Данкерк славеше со 21-25 по пресврт.

Нант во првото полувреме постојано беше во негатива, домаќинот поведе со 5-2, 6-3 и 12-8. На полувремето беше 13-12. Токму од овој момент, Лазаров и неговите соиграчи направија серија од 4-0 за водство од 13-16. Не дозволија нов пресврт, во 51. минута поведоа и со 17-22, до крај искусно го приведоа мечот.

Лазаров мечот го заврши со три гола од четири обиди, еден од нив од седум метри.

ФОТО: Нант/facebook

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата