Дневен хороскоп (18.09.2021): Нова работа за Девицата и пари за Вагата

18.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дневен хороскоп (18.09.2021): Нова работа за Девицата и пари за Вагата

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу сте оптеретени со тоа како ќе бидете анализирани во деловното опкружување. Многу пријатели јасно ви покажуваат дека можете да сметате на нивна помош. Не сте доволно искрени во односот со партнерот. Стабилна здравствена ситуација.

Бик (21.04 – 21.05)

Лесно верувате на приказните и нештата кои ви ги пласира некој соработник. Обидете се малку да ја анализирате ситуацијата. Далеку сте од реален и искрен договор. Се чувствувате уморно и исцрпено.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате потреба да се докажувате во сите деловни сфери, па затоа можноста за грешки е голема. Посветете им повеќе внимание на потребите на партнерот. Претерувате малку кога станува збор за грижата за здравјето, нема потреба да се оптеретувате.

Рак (22.06 – 22.07)

Одличните деловни случувања ќе ве мотивираат да се истакнете во она што најдобро го знаете. Имате впечаток дека некој ја злоупотребува вашата добрина и племенитост. Партнерот не ви ја дава потребната поддршка. Можни проблеми со синусите.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе запознаете една личност која е на висока положба, но немојте по секоја цена да ги прифатите сите нејзини понуди. Интимно сте незадоволни со компромисите кои морате да ги направите во односот со партнерот. Можни се повремени вртоглавици и несвестици.

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиската ситуација ќе се поправи. Можна е понуда за хонорарна работа. Подготвени сте за некаков вид на компромис за кој претходно не би се согласиле. Добри односи со огнените знаци. Можни се проблеми со видот.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе ви се укаже добра прилика да се стекнете со пaри. Имате подобро расположение отколку во претходниот период, бидејќи успеавте некоја ситуација која не ви одговарала, да ја решите во ваша корист. Можна е романса со поранешниот партнер.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку планирате заминување на пат, ви се препорачува внимателност. Судските процеси можат да се завршат во ваша корист, а и парите ќе тропнат на вашата врата. И се допаѓате на една личност од деловната околина. Ви недостасува сила и енергија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој од вашето деловно опкружување се обидува да ве понижи. Со партнерот имате убав и складен однос. Можна е страствена врска со лице кое некогаш ви било мило и блиско. Обидете се да ги избегнете нештата кои ви создаваат стрес.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се укажува прилика да запознаете некоја личност која многу ќе ви помогне во работата. Сигурни сте во себе и тоа придонесува за подобро функционирање. Изгледате моќно во очите на спротивниот пол. Ви се препорачува да го намалите консумирањето на слатки.

Водолија (21.01 – 19.02)

Конкуренцијата се обидува да ве стави во лоша позиција. Некој кој ве цени сака да ви излезе во пресрет, а тоа е така бидејќи му се допаѓате и на приватен план. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу сте активни кога станува збор за деловните предизвици, и тоа ќе ви донесе подобра финансиска ситуација. Склони сте на тајни врски или размислувања за некој кој ретко го гледате. Чувајте се од можни настинки, консумирајте повеќе течности.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата