Холифилд не се откажува: Сакам борба со Тајсон

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холифилд не се откажува: Сакам борба со Тајсон

Враќањето на рингот на Ивандер Холифилд заврши неславно, но поранешниот шампион во две тежински категории не го дели тоа мислење.

“Витор е многу силен, успеа да ме турне во рингот. Но, јас не се потресов, не добив никаков удар што ме повреди. Ме удри во еден момент кога бев во рамнотежа. Малку е тажно. Мислам дека судијата погреши кога ј прекина борбата, не требаше да го стори тоа толку брзо. Во следната борба, се разбира, би сакал да имам нов меч со Мајк Тајсон”, вели Холифилд.

Поразот на Холифилд против Витор Белфорт е 11-ти во неговата кариера. 58-годишниот боксер ја имаше својата последна борба пред 10 години.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата