Welcome iPhone 13. Кралот се појави, поданиците чекаат во ред

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Welcome iPhone 13. Кралот се појави, поданиците чекаат во ред

Apple официјално го претстави iPhone 13 – стандардниот модел во рамките на смартфон линијата на компанијата за 2021. година. Како и минатата година, годинашниот iPhone 13 пристигнува во две верзии: 6,1-инчниот iPhone 13 и 5.4-инчниот iPhone 13 Mini. Телефоните го задржуваат OLED панелот и рамките од алуминиум помеѓу двата панела од стакло.

Кога е во прашање дизајнот, iPhone 13 го задржува воглавно истиот изглед како и ланскиот модел, со тоа што Face ID засекот е намален за 20 проценти, што значи дека ќе зазема помалку место во врвот на дисплејот.

Тука е и помоќниот процесор A15 Bionic, за кој Apple тврди дека е побрз и поефикасен од минатогодишниот A14 Bionic модел. И натаму се работи за 5 nm чип, со шестојадрен процесор (два јадра со високи перформанси и четири ефикасни јадра), а Apple тврди дека е за 50 проценти побрз од конкуренцијата.

Најголемата промена стигнува на полето на камерите, а iPhone 13 доби преработен систем од минатогодишниот iPhone 12 Pro Max модел.

Тука е физичкиот поголем сензор за широкоаголната камера, овозможувајќи собирање повеќе светло во услови на слабо осветлување и со помалку шум. Новиот широк сензор е 12MP со f/1.6 отвор на бленда, а тука е и 12MP ултраширока камера со f/2.4 објектив и 120 степени поле на преглед.

iPhone 13 има и sensor-shift технологија за стабилизацијата на сликата, која дебитираше на 12 Pro Max моделот. Претставен е и нов cinematic mode за видео, со можност за менување на фокусот во текот на снимањето видео (автоматски и рачно).

Apple ветува и подобри 5G перофманси во споредба со iPhone 12 линијата, со поддршка за повеќе опсези и подобро интернационално 5G искуство. Компанијата најави дека iPhone ќе поддржува 200 оператори во над 60 земји и региони до крајот на годината.

Новата iPhone 13 линија доби и подобар работен век на батеријата, па така iPhone 13 Mini добива 1,5 часа подолга автономија во однос на iPhone 12 Mini, додека стандардниот iPhone 13 добива 2,5 часа поголем работен век на батеријата во однос на својот претходник.

Кога се во прашање цените, iPhone 13 ќе биде достапен по почетна цена од 799 долари, додека iPhone 13 Mini ќе чини 699 долари. Двата модела добија зголемување на просторот за складирање и пристигнуваат во варијанти со 128GB, 256GB и 512GB простор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата