ТРАГЕДИЈА го потресе домашниот моден свет: Почина манекенот Филип Алексовски

14.09.2021
Vesnik.com
ТРАГЕДИЈА го потресе домашниот моден свет: Почина манекенот Филип Алексовски

Почина Филип Алексовски, член на „Моделс Ин“, а веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на агенцијата.

Филип на први октомври ќе наполнеше 28 години. Роден е во Скопје, а со манекенство почнал да се занимава во 2008 година. Беше често ангажиран, како што пишува Наумовски, поради специфичниот изглед со кој им пркосеше на стереотипите во модната индустрија.

– Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на „Моделс Ин“ повеќе од 10 години, вели Алек Наумовски за порталот „Stylist.mk“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата