Ќерка и на Мадона кренала рака, а присутните останале во шок од она што го виделе

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќерка и на Мадона кренала рака, а присутните останале во шок од она што го виделе

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон на овогодинешната Мет гала гордо го покажала телото, но и влакненцата под пазувите. Оваа 24-годишна девојка била облечена во розова комбинација составена од градник и макси здолниште во која до израз и дошла линијата. Пред насобраните фотографи позирала подготвено, а токму она што се видело на фотките модните критичари го оцениле како „насилно промовирање“.

Лурдес, исто како и својата славна мајка по чии стапки одамна оди, го првивлекува вниманието на медиумите и јавноста со модните избори, но и со ставовите како овој за недепилирање.
Веќе има лансирано и сопствена модна линија, а само на 13 дебитираше на модните писти. Неодамна открила и дека една од целите во животот и е актерска кариера.
Инаку, Лурдес е најстарото дете на Мадона, таа има уште пет браќа и сестри, од кои 4 се посвоени, а Роко е биолошки син на Мадона, кого го доби со Гај Ричи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата