10 ПРАШАЊА на кои ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ немаат одговори

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
10 ПРАШАЊА на кои ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ немаат одговори

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на својот Фејсбук профил напиша 10 прашања на кои  Зоран Заев и Филипче немаат одговори.

Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

-Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1959705600871556

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата