Баерн Минхен тргнува по Забицер!

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн Минхен тргнува по Забицер!

Баерн Минхен уште еднаш покажува зошто толку долго владее во Бундеслигата. Не само што може да си дозволи да купи било кој од играчите од останатите екипи во елитната лига на Германија, туку тоа го прави и со цел да ги ослабне ривалите.

Па така сега тргнува во Марсел Забицер, австрискиот играч за врска на Ред Бул Лајпциг, еден од најдобрите во тој тим. И тоа на барање на стратегот на “баварците“ Јулиан Нагелсман, кој до пред два месеци му беше тренер на Забицер во Лајпциг и смета дека со Австриецот ќе има и тоа како подобар среден ред. Цената на овој трансфер би била од 15 до 20 милиони евра.

Инаку во текот на подготовките, Баерн Минхен под водство на Нагелсман на пријателските мечеви игра и повеќе од очајно.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата