И официјално: Мечот меѓу Тиквеш и Шкендија ќе се игра во Прилеп!

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И официјално: Мечот меѓу Тиквеш и Шкендија ќе се игра во Прилеп!

Тиквеш својот прв натпревар како домаќин во ПМФЛ по цели 17 години, сепак нема да го одигра на својот стадион во Кавадарци. Раководството на клубот и градските власти и покрај натчовечките напори, сепак не успеаја до крајниот рок да ја завршат реконструкцијата на соблекувалните на Градскиот стадион во Кавадарци, па мечот со Шкендија од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ, која ќе стартува викендов, сепак ќе се игра во Прилеп, на стадионот “Гоце Делчев“. Ова ни го потврди првиот човек на Тиквеш, Миле Масларков кој зирази големо жалење што првакот нема да го дочекаат во Кавадарци. И дефинитивно организаторот, клубот Тиквеш, го пријави стадионот во Прилеп како домашен за овој меч.

Останува надежта дека сепак во 3.коло, кога гостува Академија Пандев, Тиквеш ќе може да игра во Кавадарци.

Инаку за натпревар во Прилеп меѓу Тиквеш и Шкендија, може да има само 30% гледачи од вкупниот капацитет на стадионот “Гоце Делчев“, и тоа е така поради Ковид-19 мерките кои се уште се на сила.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата