Рaмзи се сели на „Сан Сиро“?

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рaмзи се сели на „Сан Сиро“?

Јасно е дека за да направи место за Локатели, Јувентус ќе се ослободи од еден, а можеби и двајца играчи од средниот ред. Така прв од оние кои ќе си замине е веројатно Арон Рaмзи, кој што не се снајде баш како што се очекуваше во Торино.

Затоа е пред заминување, а се шпекулира негово враќање во Англија. Меѓутоа сега понуда од Милан може да го смени мислењето и да остане во Италија. Наводно Милан планирал да испрати понуда за играчот од средниот ред на Велс, за да го донесе на „Сан Сиро“.

Рaмзи во минатото беше дел од Арсенал.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата