КАЈ ПАРКИРАВ? Огромен број возачи забораваат кај им е автомобилот, повеќе забораваат мажите

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАЈ ПАРКИРАВ? Огромен број возачи забораваат кај им е автомобилот, повеќе забораваат мажите

Во модерните градови, каде сообраќајниот метеж одамна стана вообичаен, а наоѓањето паркинг место е кошмар, не е невообичаено возачите целосно да заборават каде го паркирале автомобилот откако ќе најдат паркинг место.

Ова ја натера Шкода да спроведе истражување на тема: Колку возачи забораваат каде го паркирале својот автомобил? Се испоставило дека процентот бил неверојатно висок – дури 52 проценти!

Значи, повеќе од половина од испитаниците, во анкетата спроведена во Велика Британија на примерок од 2.000 возачи, признале дека барем еднаш годишно се наоѓаат во ситуација кога не можат веднаш да го најдат својот паркиран автомобил.

Една четвртина од испитаниците, 25 проценти од нив, не можат да го најдат своето возило најмалку двапати годишно, додека 14 проценти од возачите го имаат три или повеќе пати годишно.

Интересно е што оние што најмногу забораваат каде го оставиле возилото, припаѓаат на групата најмлади возачи, оние меѓу 18 и 25 години, додека автомобилите најчесто се „губат“ во гаражите на големите трговски центри – дури во 58 проценти од случаите.

Кога станува збор за полот на возачот, мажите го бараат своето возило во просек по 6,5 минути, додека на жените им треба цела минута помалку, или 5,5 минути.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата