Во два дена двапати го соборија светскиот рекорд и на крајот дојдоа до злато

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во два дена двапати го соборија светскиот рекорд и на крајот дојдоа до злато

Италијанските велосипедисти го освоија злато во рамките на тимскиот пурсуит на Летните олимписки игри во Токио. Во последната трка, тие поставија нов светски рекорд од 3.42.032 минути, откако само ден претходно веќе еднаш го соборија најдоброто светско постигнување.

Второто место и припадна на Данска, додека во пресметката за бронзата, Австралијците ги победија Новозеланѓаните.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата