Лејно блескаше против Холандија, Французинките во полуфиналето!

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лејно блескаше против Холандија, Французинките во полуфиналето!

Лесно е кога на својот гол ја имаш екс – вардарката Амандин Лејно. Па така на женската ракометна репрезентација на Франација лесно и беше против Холандија во 1/4 финалето. Една од најдобрите голмани во светот, против Холандија имаше неверојатни 22 одбрани, па токму и затоа конечниот резултат на овој меч беше 32-22. Оваа победа на Франција значеше и пласман во полуфиналето, каде Лејно заедно со своите репрезентативни колешки се среќаат против силната Шведска. Репрезентација која денеска во четвртфиналето славеше проив Ј. Кореја со 39-30. Во другото полуфинале се среќаат Норвешка и Русија.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата