Стеф Кари и Голден Стејт си подадоа рака за нов договор вреден 215 милиони долари

4.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стеф Кари и Голден Стејт си подадоа рака за нов договор вреден 215 милиони долари

Двократниот носител на титулата МВП во НБА лигата, Стивен Кари и управата на Голден Стејт се договорија за продолжување на договорот за четири години. Новиот договор ќе биде со вредност од 215 милиони долари.

33-годишниот поентер ќе биде првиот играч во историјата на лигата кој ќе потпише два последователни договори вредни над 200 милиони долари.

Вориорс и Стивен разговараа за нов договор и пред минатата сезона.

Во 64 натпревари во регуларниот дел од изминатата сезона, Кари имаше просек од 32,1 поен по меч.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата