Eди Рама со порака до Црна Гора: Придружете се на “Отворен Балкан“! За луѓето тоа значи слобода!

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Eди Рама со порака до Црна Гора: Придружете се на “Отворен Балкан“! За луѓето тоа значи слобода!

Албанскиот премиер Еди Рама отвори нов граничен премин меѓу Албанија и Црна Гора во друштво на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, пренесуваат Репортери.

Рама исто така ја повика Црна Гора да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“ без да губи време.

– Сакам да и се заблагодарам на црногорската страна за оваа инвестиција бидејќи инвестиравме долго време и сега тоа е уште една царинска точка која не поврзува и не треба да не разделува. Исто така, сакам да напредувам со премиерот Кривокапиќ и Абазовиќ и Црна Гора да биде вклучена во иницијативата „Отворен Балкан“ – рече Еди Рама.

Тој додаде дека „Отворениот Балкан“ е сеопфатна иницијатива што ги таргетира сите земји во регионот. Според него, тоа не е нов пронајдок, туку едноставно Берлински процес, за да ги натера луѓето од Западен Балкан да се чувствуваат слободни.

– Иницијативата не е ексклузивна и треба да ги вклучи Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

„Не треба да се измислува ништо ново за да може регионот да ги почитува четирите слободи“, рече Рама.

Да потсетиме, „Отворениот Балкан“ беше покренат по иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а идејата беше прифатена од премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев.

Во авторскиот текст за „Политика“, Вучиќ посочи дека немало толку важен чекор на Балканот предолго, што би го повлекол регионот напред и дека ова е првпат некој на Балканот да лансира нешто што е добро за целиот регион, заради што, договорите во Скопје се историски, а историски, вели тој, ќе бидат нивните резултати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата