СРБИЈА ДЕНЕС ИСПРАЌА АВИОНИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СРБИЈА ДЕНЕС ИСПРАЌА АВИОНИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Србија денес испраќа авиони за гасење пожар во Македонија за да помогне во гасење на повеќе од 20 пожари кои беснеат низ земјата.

– Претседателот Вучиќ рекол дека ќе испрати три или четири хелихоптери, а и бугарскиот претседател Румен Радев најавил помош. Помош е потребна не само во Кочани имаме и во други региони ширум земјата пожари кои поради силниот ветер, огнот се шири – рекол вчера претседателот на Македонија Стево Пендаровси.

Во Македонија моментално беснеат повеќе од 20 пожари, од кои два се закана по живот и имот на жителите во градот Кочани и во општината Старо Нагоричани – Куманово.

Откако граѓаните почнале преку социјалните мрежи и преку медиумите да апелираат за помош, претседателот на државата Пендаровски соопштил дека армиски хелихоптери не летат навечер, а службите на владата и локалната самоуправа почнале да пристигнуваат на помош на жителите.

Како што јавуава Večer.mk, премиерот на Македонија Зоран Заев доцна синојќе најавил дека авиони за гасење пожар од Србија ќе пристигнат откако го повикал претседателот на Србија Александар Вучиќ.

– Утре наутро очекуваме помош од соседите, се слушнал и претседателот Пендаровски со претседателот на Бугарија Радев, а јас со претседателот на Србија Вучиќ и премеиерот на Бугарија Јанев. Будно ја следиме ситуацијата, нема паника, ситуацијата е под контрола, повеќетето од пожарите се локализирани. Повикувам на одговорни и точни информации од страна на граѓаните по пат на социјалните мрежи и медиуми. Безбедноста на луѓето е на првио место – напишал синојќа Заев на својот Фејсбук.

извор: Република.ср

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата