Вархолм со нов светски рекорд до златото на 400 метри со пречки

3.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вархолм со нов светски рекорд до златото на 400 метри со пречки

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм, го урна сопствениот светски рекорд и го освои златниот медал на трката 400 метри со пречки.

Вархолм заврши со 45.94, пред Раи Бенџамин од САД (46.17), додека трет беше Бразилецот Алисон дос Сантос со 46.72.

Претходно рекордот на Вархолм изнесуваше 46:70.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата