Заев: Очекуваме помош од соседите, се чув со претседателот на Србија Вучиќ и…

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Очекуваме помош од соседите, се чув со претседателот на Србија Вучиќ и…

Доцна вечерва премиерот Заев објави дека преку српскиот претседател Вучиќ од Србија ќе стигнат авиони за гаснење пожар, исти такви кои Македонија ги има но не се сервисирани за 400 илјади евра.

Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните. Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници.
Остануваме со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски.
Упатувам благодарност до граѓаните што помагаат и до претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно.
Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија Радев, а јас се чув со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев.
Будно ја следиме состојбата, нема паника, ситуацијата е под контрола, поголем дел од пожарите се локализирани.
Апелирам за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите.
Безбедноста на луѓето на прво место, пишува Заев на ФБ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата