Државата не живее овде

Авионите против пожар – во кома, НЕ СЕ СЕРВИСИРАНИ ДВЕ ГОДИНИ!

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авионите против пожар – во кома, НЕ СЕ СЕРВИСИРАНИ ДВЕ ГОДИНИ!

-Трите ертрактори или специјалните летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година. Утре очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот, изјави за НоваТВ вечерва, директорот на Дирекцијата за спасување Беким Максути.

На прашањето на НоваТВ, зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути изјави дека забавеноста се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала до околу милион евра за трите ертрактори. Сето ова како и жалбената постапка но и организирањето на јавната набавка, го одолговлечија процесот, вели Максути.

ДЗС вечерва во Кочани испратила 25 луѓе а утре очекуваат овој број да се зголеми на околу 300, истовремено Максути информира дека се мобилизирале луѓе од Гостивар, Тетово и Скопје и утре рано ќе заминеле за Кочани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата