Додека гори Кочани, Стојанче се пофали дека пие пијачка со музички ѕвезди

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека гори Кочани, Стојанче се пофали дека пие пијачка со музички ѕвезди

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов наместо на задача, на кафанска маса.

Додека Кочани гори, и градоначалникот и жителите молат за помош, Ангелов во Крушево се забавувал со музиката на Влатко Стефановски.

Бројни граѓани објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи кои ја покажуваат сериозноста на ситуацијата. Ние објавуваме фотографија од несериозноста на директорот на ЦУК.

Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата