Вардар потврди: Барањето на ЕХФ е исполнето, потврдено е учеството во ЛШ

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вардар потврди: Барањето на ЕХФ е исполнето, потврдено е учеството во ЛШ

Европската ракометна федерација го информираше Вардар1961 дека е потврдено играњето на клубот во лигата на шампионите во сезоната 2021/2022.

Кон Вардар1961 беа поставени одредни дополнителни барања за целосно потврдување на местото во ЛШ поточно депозит од еден милион евра. Клубот во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение за поставените барања, истите ги исполни со што нема пречки и дилеми околу нашето играње во групната фаза од ЛШ.

Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите.

Во новата сезона Вардар1961 ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Киле, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата